X
 30.03.2022 Живот

Топ-листа со најмоќните пасоши за 2022 година. Еве на кое место се наоѓа македонскиот

Новиот индекс ги рангира земјите со најдобри пасоши во светот. Кој пасош е најскапоцен, а каде се наоѓа македонскиот?

Малата европска земја Луксембург го зазеде првото место од 199 места во „Индекс на пасоши Номад 2022“ објавен од консултантската компанија за даноци и имиграција „Номад капиталист“.

Додека многу рангирања на пасоши се фокусираат исклучиво на патување без визи, овој индекс во своето бодирање ги додава оданочувањето, глобалната перцепција, можноста за добивање двојно државјанство и личната слобода.

- Мислам дека не е важно патувањето без визи - изјави извршниот директор на „Номад“, Ендрју Хендерсон.

На пример, американските и канадските пасоши се слични во однос на моќта на патувањето, вели тој. Меѓутоа, ако сте Американец, подлежите на даноци без разлика каде живеете, така што тие два пасоша не треба да се рангираат еден покрај друг.

Ова е методологијата на индексот, односно факторите и критериумите по кои се рангирани земјите ако се земе предвид дека најдобриот резултат е 100 отсто:

faktori``
Извор: Nomad Capitalist

Во однос на даночните политики, 10 поени беа доделени на оданочливи места низ светот (САД) и 50 поени за оние без данок (Обединети Арапски Емирати). Оние што поставија други даночни ограничувања за носителите на пасоши се позиционираа некаде помеѓу.

Првите 10 на ранг-листата останаа непроменети во однос на минатата година, а разликата од половина поен меѓу првото место - Луксембург и второто место - Шведска е намалена на „една виза за дополнителна земја“, рече Хендерсон.

- Даноците се високи во двете земји, но ако сакате да заминете, тоа е релативно флексибилно - вели Хендерсон, додавајќи дека и двете земји се добро перципирани на глобално ниво и се високо рангирани во однос на личната слобода, истакнувајќи дека Шведска го покажала ова второто со својот непристрасен пристап кон пандемијата.

zemji
Фото: Nomad Capitalist

Што се смени од минатата година?

Речиси 85 отсто од местата на листата се 30 земји во Европа.

- Она што е забележливо, рече Хендерсон, е дека земјите како Малта, Исланд и Словачка - оние за кои „луѓето не зборуваат често“ во однос на силата на пасошот - се држат против моќните, како што се Италија и Германија. Имаат подобри резултати и од земји како Обединетото Кралство, Австралија и САД.

patuvanje
Фото: Pixabay


Каде се наоѓа македонскиот пасош?


На оваа листа Македонија е на 82. место, кое го дели со Црна Гора. Македонија има вкупно 78,50 поени, а нашиот пасош ни овозможува да патуваме во 125 земји. Кога станува збор за глобалната перцепција за нашата земја и за слободата на медиумите, освоивме 20, односно 30 поени.

На списокот пред нас се земји од регионот како Хрватска, Бугарија, Словенија. Единствено Црна Гора и Албанија имаат полош ранг од нас.

Најлошо рангиран е Авганистан со само 20 поени.

Некои земји се посилни отколку што мислиме

Луѓето обично прават „портфолио за пасоши“ поради една од двете причини: да ги намалат даноците или да имаат резервен план за престој. Малку е веројатно дека луксембуршкото државјанство ќе служи за некоја од овие групи.

Индексот покажува и дека пасошите на некои земји се посилни отколку што мислат луѓето.

- Има пасоши за кои луѓето не сфаќаат дека всушност се прилично добри - вели Хендерсон.

- Малезија едвај ги надминува САД, што е многу интересно. На сите што некогаш сум ги сретнал од Централна Америка не им се допаѓа нивниот пасош, но пасошите на Централна Америка имаат всушност прилично добар квалитет - вели тој.

Целосната листа можете да ја погледнете ТУКА.

Извор: CNBC
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот