X
 16.06.2021 Живот

Важноста на истечените пасоши се продолжува до крајот на годината

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пасошите чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, ќе имаат важност до 31 декември.

- Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република Северна Македонија дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 122/2021 на 3.6.2021, кој стапи во сила на 11.6.2021, а ќе отпочне со примена од 1.7.2021, важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година - истакнаа од МВР.

Оттаму додаваат дека измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓани кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот