X
 16.03.2022 Живот

Светската софтверска компанија „Делтатре“, од областа на спортот и забавата, отвори канцеларија во Скопје

Водечката компанија во ИТ-сферата „Делтатре“, чиј главен фокус е развивање софтвер за спорт и забава, ја продолжува својата глобална експанзија и го додаде Скопје на листата со светски градови во кои има канцеларии.

Новата канцеларија е со локација во центарот на градот и во моментов брои 50 вработени. Но, тука не застануваат амбициозните планови на „Делтатре“. Компанијата го проширува својот тим и е во потрага по голем број уникатни таленти и посветени индивидуи кои имаат една цел – да го променат начинот на кој луѓето ги доживуваат и консумираат спортот, платформите за забава и воопшто стримингот. Вработувањата се на позиции кои се од суштинско значење за работењето на компанијата, како развивање и тестирање софтвер, проектен и продуктен менаџмент и нудат можност за работа на проекти поврзани со најголемите светски спортски настани, како и на најиновативните продукти во стриминг-технологијата.



Вработените во „Делтатре“ ја имаат флексибилноста во изборот на работа од канцеларија или работа од дома, или пак комбинација од двете, доколку тоа го дозволува позицијата.

CEO Андреа Марини вели: - Со огромно задоволство им посакуваме добре дојде во „Делтатре“ на нашите нови колеги од Северна Македонија. Правиме голем чекор и се надеваме на успешно работење и проширување на компанијата во овој регион. Со ова ја потврдуваме глобалната распространетост на „Делтатре“ и стремежот за експанзија на нови ИТ-пазари.

Да се работи во „Делтатре“ значи да се биде дел од тимови кои со својата експертиза и применета докажана технологија создаваат нови иновативни решенија, со што им овозможуваат на спортските обожаватели ултимативно стриминг-искуство во секое време, од секое место и на секој уред.


„Делтатре“ е трендсетер во дигиталниот свет. Во 2020 година компанијата беше ставена на листата „Најиновативни компании во светот“. Портфолиото на услуги и продукти на оваа компанија се состои од специјализирани иновативни решенија за врвни стриминг-платформи, веб-страници и апликации, графички решенија, корисничко искуство и продукт-дизајн.

„Делтатре“ стои зад едни од најпознатите глобални федерации, спортски лиги и тимови, како и зад најголемите телеком-оператори, платформи за забава и релаксација и други дигитални емитувачи.

Во своето 36-годишно работење, „Делтатре“ прерасна во компанија од глобални размери со канцеларии во 18 града низ светот, како Лондон, Торино, Сиднеј, Лос Анџелес, и има над 1.000 вработени.

Придружи му се на тимот!

За повеќе информации за отворените работни позиции, ги охрабруваме сите посветени и талентирани професионалци да ја посетат веб-страницата на „Делтатре“.

Информации за контакт

ПР менаџер – Бен Тобин
ben.tobin@deltatre.com

HR менаџер – Стефанија Зип
stefanija.zip@deltatre.com

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот