X
 17.06.2017 Образование

Seavus едукативен и развоен центар лидер за иновативно образование во Македонија

Од самото формирање во 2010 година Seavus едукативниот и развоен центар сериозно, но и повеќе од позитивно ја раздвижи понудата на пазарот за едукација во сферата на информатичките технологии и дизајнот. Бројката од 5 генерации, над 500 запишани студенти и повеќе од 75% успешно вработени е доволен показател за квалитетната програма и одличниот концепт за иновативно образование кое го нуди СЕДЦ.  Благодарение на тренерите со богато практично знаење и искуство, најсовремено опремените простории и главната мисија на центарот, пополнување на недостатокот во земјата па и надвор од неа со квалитетен и квалификуван ИТ кадар, денес СЕДЦ  важи за лидер во иновативното образование во Македонија и центар кој на пазарот му нуди целосно подготвени  и усовршени ИТ професионалци.




„Во последните неколку години СЕДЦ стана сериозна алтернатива на сите дотогаш постоечките модели на формална и неформална едукација кои едноставно не успеваат да создадат готов производ за индустријата. Ние сме тренинг центар кој секоја генерација ја пречекува со нова програма, со нови трендови, со нови насоки и воопшто не криеме дека до крајот на процесот веројатно ќе внесеме нешто комплетно ново, се разбира, ако тоа се наметне како тренд и потреба кај компаниите. Тоа бара огромно вложување, едукација и одговорност од сите вклучени во процесот, но секако најголемиот товар го носат нашите тренери и ментори кои своите секојдневни предизвици во работата, ги адресираат и заеднички ги решаваат со студентите. Така создаваме  “проблем-солвери”, а не само добри студенти, затоа што тоа денес едноставно не поминува, вели Весна Иваноска, генерален менаџер на СЕДЦ.




Во рамки на едукативниот центар успешно дејствуваат Академијата за програмирање, Академијата за компјутерски мрежи и Академијата за дизајн, а оваа година дел од нив ќе понудат и дополнителни насоки. Најголеми промени се најавени во Академијата за дизајн каде покрај графичкиот и веб дизајн, програмата се зголемува со 3Д насока, специјализирана во доменот на компјутерските игри (Гејминг) и две нови програми во областа на модниот дизајн и визуелните уметности во соработка со “Џолев и уметностите”.

Кај Академијата за програмирање голема новина е отворањето на претставништво на СЕДЦ во Охрид.

Академиите на Seavus едукативен и развоен центар се наменети за три целни групи: матуранти кои сакаат наместо факултет да продолжат со кратка форма на академија со цел да добијат конкретно и практично знаење и да почнат веднаш со работа,  дипломирани студенти кои сакаат да се доусовршат и специјализираат во својата област и луѓе со работно искуство кои следејќи ги новите пазарни трендови се преквалифиликуваат и започнуваат нова кариера.

Досегашните студенти на прашањето што беше клучно да станат дел од големото успешно СЕДЦ семејство, едногласно истакнуваат дека специјализираната едногодишна програма структуирана на тој начин за само 365 дена да ве подготви за пазарот на труд е најдобриот начин за стекнување со одлично ИТ знаење и лесно пронаоѓање на саканото работно место.
“Ја одбрав академијата за графички дизајн пред се’ поради креативниот момент што го нуди оваа професија, но и поради тоа што самите академии во текот на годините имаат произведено квалитетен кадар. Во рок од само неколку месеци се стекнав со одлична теориска основа, а работењето на проекти ми помогна да го усовршам наученото. Ми се допадна тоа што менторите, долгогодишни професионалци од оваа област, беа спремни да го дадат целото нивно знаење и беа достапни и надвор од предавалните за било каков совет и помош”, вели Павлина Бучевска, тековен студент на Академијата за графички дизајн.
Дека програмата е прилагодена за сите три таргет групи на СЕДЦ потврда е и изјавата на, Филип Ванчевски, тековен студент на Академијата за програмирање.

“За еден почетник кој претходно немал никакво искуство со веб-девелопмент или какво и да е програмирање, програмата беше одлична почнувајќи со најосновните вештини кои се потребни за програмирање од било каков тип, за подоцна да почне да се дели на целини кои кон крајот на академијата прават совршен спој помеѓу front-end и back-end, односно клиентската и серверската страна на web development”.



Сегашните но и студентите кои биле дел од СЕДЦ, им препорачуваат на сите кои размислуваат да бидат дел од центарот, да ја одберат соодветната академија за себе и веднаш да се запишат во Seavus едукативен и развоен центар, да учат и паметно да инвестираат во себе.

“Мојот совет кон оние кои размислуваат дали да станат дел од академиите е воопшто да не се двоумат доколку бараат место каде што интензивно ќе се стекнат со знаење, ќе добијат можност за соработка со успешни компании и ќе запознаат вистински пријатели”. Јована Шишковска, студент од генерација 2016/17 од Академијата за веб дизајн, која по 2 месеци од завршувањето на академијата се вработи како веб дизајнер во Inception Enterprises.

 

Повеќе за овие програми можете да погледнете на нивната фан или веб страна.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование