Данскиот град Олборг објавил повик до сите жители, особено оние што имаат дворови, да ги донираат сите камења што не им се потребни.
Локалната администрација работи на реставрација на подводни гребени, што предвидува создавање мали камени гребени на различни места. Се смета дека овие мали гребени ќе го поттикнуваат размножувањето на морските животни.
Властите го опишале проектот како начин за отплаќање на природата бидејќи со векови биле ископувани камења од регионот и користени за изградба на објекти. Користењето на камењата од водата било забрането во 2010 година. Се проценува дека дотогаш биле ископани околу 8 милиони кубни метри камења од водата.
Затоа, општината во соработка со локалните жители планира да ги врати камењата во фјордот. Општината планира да реставрира четири гребени годинава.
Извор:
The mayor
Насловна фотографија: Pixabay