X
 15.01.2019 Култура

Град од соседството прогласен за европска престолнина на култура за 2019 година

Пловдив, најстариот град во Бугарија со повеќе од 6.000 години историја, официјално е прогласен за европска престолнина на култура за 2019 година, а оваа титула ја дели со италијанскиот град Матера.

Пловдив, вториот по големина град во Бугарија, илјадници години опстојувал на раскрсницата помеѓу Западна Европа и Блискиот Исток. Овој град, кој се простира од двете страни на реката Марица, е познат и по етничката разновидност - голем дел од неговите 340.000 жители се турско, ромско, ерменско, грчко и еврејско малцинство, а сите имаат прилично силно влијание врз богатиот културен живот на Пловдив.

град
Фото: АР


За оваа година во Пловдив се закажани околу 350 културни настани, вклучувајќи и изложба на која ќе бидат прикажани фрагменти од Берлинскиот ѕид за одбележување 30 години од падот.

Интересни факти за Пловдив:


- Градот историски се развил на седум висорамнини, некои високи 250 метри. Поради ова,  Бугарите често го нарекуваат Градот на седумте рида.

- Наречен Пулпудева во тракиско време, градот бил преименуван во Филипополис во 341 година пр.н.е, по негово освојување од страна на Филип Втори од Македонија.

- Од 46 година бил наречен Тримонциум и бил главен град на римската провинција.

- Во стариот дел на градот можат да се најдат делови од римските ѕидини, а можат да се најдат и средновековни урнатини на тврдината на цар Иван Асен II и манастирот Бачково.

- Пловдив станал родно место на бугарското движење за демократски реформи, кое до 1989 година добило доволно поддршка за влез во владата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура