X
 16.04.2018 Култура

Карл Маркс конечно доби споменик во родниот град


Во Трир, гратче на југот на Германија, е поставена голема статуа на основачот на комунизмот - Карл Маркс, откако била прифатена како подарок од Кина.

Статуата, која тежи три тони, е поставена во пресрет на 200-годишнината од раѓањето на овој влијателен мислител и  филозоф, јубилеј што ќе се одбележи на 5 мај, кога статуата и официјално ќе биде откриена.

„Карл Маркс е најпознатиот син на Трир“, истакна градскиот функционер Андреас Лудвиг.


Карл Маркс
(Фото: Getty images)


Статуата, која е висока над 5 метри заедно со постаментот, го прикажува Маркс замислен како држи книга во едната рака. Градското собрание уште во март 2017 година гласаше да го прифати подарокот од кинеската влада.

Фотелјата во која германскиот филозоф Карл Маркс седел кога ги проучувал, пишувал и најверојатно ги поминал своите последни часови следниот месец ќе биде изложена во неговото родно место.

Истрошената фотелја изработена од даб, која претходно се наоѓала во неговиот стан во Лондон, би требало да стигне за изложбата што ќе биде отворена по повод 200-годишнината од неговото раѓање.

Германската фондација „Фридрих Еберт“ ја купила од семејството на Маркс во Париз во 2014 година и оттогаш се чувала во Бон.

„Таа фотелја, пред сè, ја гледаме како симбол на неговите идеи кои продолжуваат да живеат и по неговата смрт“, изјави Ен Катрин Том, кустос во Музејот на Карл Маркс, каде што ќе биде изложена и оваа фотелја.

Маркс, еден од духовните зачетници на комунизмот, е роден на 5 мај 1818 година во германскиот град Трир, каде што ги поминал и првите седумнаесет години од својот живот.



Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура