X
 08.07.2018 Култура

Овој ресторан нуди книги како подарок со секој оброк - имаат подарено над 2 милиони книги

Во 1970 година, ресторанот „Травелер“ ги отвори своите врати, нудејќи не само вкусни оброци туку и книги што можете да си ги земете дома бесплатно. Звучи неверојатно, нели? Кој бесплатно би давал книги?

Меѓутоа, сопственикот на овој прекрасен ресторан е огромен обожавател на книгите. Откако немало повеќе место во неговата куќа за неговите книги, тој одлучил да ги подари на клиентите од ресторанот.

2
Фото: Lionel


Во 1993 година, сопственикот на ресторанот се променил, меѓутоа новиот сопственик ја продолжил оваа прекрасна традиција, па дури ја направил поголема.

-Даваме 1.000 до 2.000 книги неделно; даваме до три книги на една личност. Книгите доаѓаат од многу извори. Продажбите од библиотеките се одличен извор, меѓутоа ни помагаат и нашите клиенти. Нема ден да не помине, а некој клиент да не ни донесе книга. Имаме подарено околу 2.5 милиони книги - вели сопственикот.

3
Фото: Lionel

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура