„Самсунг“ направи паметен телефон за корисниците што не сакаат да користат интернет.
„Галакси Ј2 Про“ има слични спецификации и дизајн како другите висококвалитетни паметни телефони на „Самсунг“, но некои апликации не функционираат и не може да се поврзе на мрежа.
Во соопштението издадено од „Самсунг“ се наведува дека овој телефон е наменет да им помогне на студентите во Јужна Кореја да останат фокусирани на нивниот приемен испит на факултет наречен „Сунеунг“. Овој приемен испит за идните студенти е одлучувачки фактор за тоа колку успешни ќе бидат во длабоко хиерархиското општество.
Компанијата понуди попуст за купувачите од 18 до 21 година за уред чија регуларна цена е 186 долари. Уредот доаѓа во црна и во златна боја, има AMOLED-екран до 5 инчи, 1,5 гигабајти РАМ меморија и простор за микро Ес-де картичка. Има и предна камера од 5 мегапиксели и камера од 8 мегапиксели.
На
телефонот се наоѓаат сите апликации што не бараат поврзување на интернет за да функционираат. Овој телефон е наменет и за помладите чии родители сакаат контрола над нивната употреба.
Фото: Samsung