Само дел од луѓето што користат паметни телефони ја имаат брзината на 5Г, но тоа не го спречува „Самсунг“ да гледа напред кон поврзаноста со 6Г-мрежата. Компанијата неделава објави дека планира да почне да ја истражува 6Г-конективноста оваа година и очекува ваквата мрежа да биде достапна во 2028.
Фото: Pixabay
Од компанијата велат дека 6Г ќе го донесе следното „хиперповрзано“ искуство во секој аспект од животот. Оваа мрежа ќе овозможи мобилни холограми и дигитални реплики на нашите физички тела. Компанијата објаснува дека со 6Г-мрежата корисниците ќе може да ја истражуваат и набљудуваат реалноста во
виртуелен свет, без временски или просторни ограничувања.
Фото: Pixabay
Корисниците ќе може да набљудуваат промени или да препознаваат проблеми од далечина преку свое пренесување во дигитална верзија, односно преку холограми. Нашите „дигитални близнаци“ ќе може да прават активности во физичкиот свет без да бидат присутни. Така докторите би можеле да прават операции без да бидат присутни во операционата сала.
Сепак, постојат технички предизвици, но „Самсунг“ смета дека ќе биде направен брз напредок во областа бидејќи техничките стандарди за 6Г треба официјално да бидат дефинирани од Меѓународната телекомуникациска унија следната година.
Автор: Крис Смит
Извор:
trustedreviews.com