X
 16.05.2015 Култура

Прекрасни цитати од најомилените писатели на историјата

Низ историјата на светот, писателите нашите стравови, мисли и интуиција ги ставија во зборови кои можеме да ги негуваме, на кои можеме да се сеќаваме и според кои можеме да живееме.

Ви нудиме збирка на „првокативни“ цитати од некои од најславните и најпочитуваните писатели во историјата.

„Не плачете бидејќи е крај, насмејте се бидејќи се случило“ - Др.Сјус

„Научив дека луѓето ќе заборават што си рекол, ќе заборават што си направил, но никогаш нема да заборават како си направил да се чувствуваат“ - Маја Ангелоу

„Бидете свои, сите останати се веќе зафатени“ - Оскар Вајлд

„Ако ја кажувате вистината, не мора ништо да памтите“ - Марк Твен

„Бајките се повеќе од вистинити: не затоа што ни кажуваат дека змејовите постојат, туку затоа што ни кажуваат дека змејовите можат да бидат победени“ - Нил Гајман

„Животот нема цел само да се пронајдете себеси. Животот ви дава можност и да се создадете себеси“ - Џорџ Бернард Шо

„Ако сакаш да знаеш каков е човек, погледни како тој се однесува со инфериорните, а не со еднаквите како него“ - Џ.К.Ролинг

„Не постои ништо тешко во пишувањето. Се` што треба да направиш е да седнеш и да крвариш“ - Ернест Хемингвеј

„Спознавањето на себеси е почетокот на сета мудрост“ - Аристотел

„Пријателството се раѓа во тој момент кога еден човек му вели на друг: „Што? И ти? Мислев само јас и никој друг“ - Ц.С. Луис

„Не е недостатокот на љубов, туку недостатокот на пријателство она што го прави бракот несреќен“ - Фридрих Ниче

„На будалата му се причинува дека е мудар, но мудриот човек знае дека е будала“ - Шекспир

„Од поголемиот дел од историјата, „непознатиот автор“ била жена“ - Вирџинија Вулф

„Да бидеш себеси во свет кој постојано се обидува да те направи нешто друго е најголемото постигнување“ - Ралф Валдо Емерсон

„Потребна е храброст да пораснеш и да станеш она што навистина си“ - Е.Е.Камингс

„Или напишете нешто вредно за читање или направете нешто вредно за пишување“ - Бенџамин Франклин

„Секој размислува да го промени светот, но никој не размислува да се промени себеси“ - Лав Толстој

„Музиката го изразува она што не може да биде ставено во зборови и она што не може да остане тивко“ - Виктор Иго

„Подобро е да имаш љубено и изгубено, отколку никогаш да немаш љубено“ -Алфред Тенисон

„Никогаш не е предоцна да бидеш она што би сакал да бидеш“ - Џорџ Елиот

„Оние кои не веруваат во магија, никогаш не ја пронаоѓаат“ - Роалд Дал

„Не е негирање. Едноставно сум премногу селективен за реалноста која ја прифаќам“ - Бил Ватерсон

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура