X
 18.05.2016 Култура

Мирослав Крлежа: „Сето она што одамна е испечатено треба да биде и јавно критикувано“

Мирослав Крлежа бил најголемиот хрватски писател на 20 век кој пишувал под влијание на Ленин и Октомвриската револуција. Ова се некои од неговите најдобри и најмудри мисли.

„Борбата со перото спаѓа во најголемите јунаштва“.

„Негацијата може да биде облик на прифаќање на светот“.

„Расипаниот вкус е секогаш сигурен доказ дека под скалите на ваквата скапана цивилизација скапува човечкото тело. Трупот на некои принципи и идеи на животот, трупот на расипаниот поглед кон светот и нездравите меѓучовечки односи“.

„Бев прилично сам, но осаменоста се`уште не е доказ дека човек нема право“.

„Луѓето меѓу себе се изневеруваат, се лажат едни со други во лице, се мамат со ласкање и призорно додворување, и тоа им изгледа почесно и похрабро отколку да си ја кажат вистината еден со друг“.

„Да пишувам? Што? Фрази? Глупави, бомбастични фрази? Да зборувам? Кому? Целото човештво веќе 10.000 години не работи ништо друго освен што зборува. Да печатам? Кому? Да се докажувам? Тоа нема смисла. Што преостана? Да лажам? Каде се мостовите преку кои човек може да се спаси? Во вистината? А вистината, што е вистината...“

„Слободата е цел, апстракција која вреди само додека акцијата се управува според неа. Кога би стигнале до неа, ќе не` убие досадата“.

„Човек треба да е свесен дека е целосно сам во оваа ѕвездена прашина и дека над него нема никој“.

„Сето она што одамна е испечатено треба да биде и јавно критикувано“.

„Уметноста човек ја мери според вредноста на неговите погледи кон светот и настаните. Со неа човекот се движи во темнина и фосфоресцира на мрачното дно на реалноста, осветлувајќи ја својата темна патека со нејзиниот сјај, како магично око, и така се движи помеѓу ѕвездите и така живее“.

„Времето тече околу нас и преку нас, паралелно со нас, а ние пак се влеваме во него“.

„Се опиваме со глупави и нејасни зборови“.

„Не постојат големи и мали народи, не постојат големи и мали јазици. Големите и малите јазици вредат толку колку што оние што стојат позади овие јазици или во нивно име зборуваат добро вооружени ножеви“.

„Против пеколната реалност во човекот се бори неговиот сопствен ум“.

„Фразата ги претвора човечките зборови во коректност, чувствата во калапи, мислите во глупави шеми. Тоа не е лага, ниту вистина, ниту илузија. Депласирана гримаса на плачење во погрешен момент и на погрешно место. Таинствена моќ на судбоносните фрази за светите работи на татковината, Бог, убедувања но и принципи“.

„Ѓаволски е мрачно на оваа наше мртво спасување на човечкиот ум“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура