X
 28.02.2022 Живот

„Никој не знае што е војна ако нема син во неа“ - цитати за војната и мирот

Во продолжение ви претставуваме неколку цитати за војната и мирот.

- Живеев доволно за да видам како разликите меѓу луѓето раѓаат омраза - Стендал.

- Државниците се како хирурзите - грешките што ги прават се смртоносни - Франсоа Шарл Моријак.

- Кога плашиме некого, тоа го правиме за да се охрабриме себеси - Херман Хесе.

- Ловот, војната и додворувањето вредат колку и едно задоволство, ах и колку илјада маки - Рабиндранат Тагоре.

- Мирот е доба во која синовите ги погребуваат татковците, војната е доба во која татковците ги погребуваат синовите - Херодот.

- Нема понерентабилна работа од војната - Винстон Черчил.

- Никој не знае што е војна ако нема син во неа - Жозеф де Местр.

- Политиката е возбудлива и опасна како војна, но во војната може да се погине само еднаш, а во политиката повеќе пати - Черчил.

- Постои само едно средство за да триумфира мирот: Да се усвои закон според кој, во случај на војна, воената отштета да ја плаќа победникот - Двајт Ајзенхауер.

- Војната, и најдолгата, само ги протресува прашањата поради кои се завојувало, а нивното решавање го остава на времињата кои настапуваат по склопувањето на мирот - Иво Андриќ.

- Мајките ги мразат војните - Хорациј.

- Сите се во војна против сите, како во јавниот така и во приватниот живот - Платон.

- Уметноста на војувањето е уметност на уништување на луѓето, а политиката е уметност на залажувањето - Махатма Ганди.

Извор: Pixelizam
Насловна фотографија: Unsplash

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот