X
 08.10.2016 Култура

Разоткривање на митот за "вистинскиот" Робинзон Крусо

Со векови, светот се воодушевува со приказните за луѓе заробени на пусти острови. Ваквите приказни особено биле привлечни кога писталеот Даниел Дефо ја објавил познатата новела “Робинзон Крусо“ во 1719 година. Дефо имал влијание од ваквите приказни, а тоа резултирало со креирањето на една од најчитаните книги на сите времиња. 

 

 


По смртта на Дефо, голем број на читатели сметале дека новелата била инспирирана од вистинската приказна на Александер Селкирк, шкотски пират кој поминувал 4 и пол години на остров сосема сам. Денес, многу писатели пронаоѓаат конекција помеѓу Селкирк и Крусо.

Некои сметаат дека Крусо е мит, бидејќи неговата приказна е комплексна и различна од сите оние приказни на вистински пирати кои преживеале на пусти острови.

Некои пак сметаат дека Селкирк е токму
инспирацијата за содавање на ликот на Робинзон Крусо. Многу од ваквите приказни раскажуваат за луѓе кои доживеале бродолом и се закотвиле на островите. Соочувањето со племињата кои живееле на островите е исто така главна компонента во приказните.

Разликата помеѓу Селкирк и Крусо е тоа што во книгата Крусо доживува бродолом и се наоѓа на остров, додека пак Селкирк самиот барал да биде оставен на остров, откако имал караница со капетанот на бродот. Тој сметал дека бродот не е безбеден за патување и откако излегол до него , очекувал да наиде некој друг брод за одредено време и тој да се врати на морето. Но, за жал, брод не се појавил цели 4 и пол години.

За разлика од Крусо, Селкирк дефинитивно бил пират. Тој го користел она што ќе го нашол на островите и местата каде што се движел, а Крусо самиот изработувал предмети за да се приспособи на животот на островот и да преживее.

Островот каде што останал Селкирк бил ненаселен, додека пак Крусо дошол на остров кој бил дом на одредено племе. Еден од најглавните ликови во книгата е токму припадник на тоа племе – Петко. Писателите пак, веруваат дека ликот на Петко бил исто така инспириран од вистински Мискито индијанец кој се викал Вил и бил спасен од истиот брод како и Силкирк, но две декади пред него.

Во 1960-те, Чиле го менува името на островот каде што бил Селкирк во “Остров Робинзон Крусо“, токму заради претпоставките дека постои конекција помеѓу овие двајца. Според писателите, менувањето на имињата на островите е само потег за привлекување на туристи, што можеби доведува до помислата дека Крусо и Селкирк немаат никаква поврзаност.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура