Мајка Тереза ќе биде запаметена по нејзините одлични дела, но и по зборовите што денес се присутни меѓу нас, многу повеќе од кога било.
Мајка Тереза е име што го поврзуваме со добрина, хуманост и пожртвуваност. Нејзините зборови и дела останаа запаметени и запишани во историјата. Во 2016 година таа беше прогласена за светица. Нејзините длабоки пораки што промовираат љубов и несебичност ќе допрат до секоја личност. Нејзините пораки за мир нè тераат да размислуваме и да станеме подобри луѓе, исто како што и самата Мајка Тереза правеше во текот на целиот живот.
Ова се некои од нејзините мудри мисли.
- Aко не можеш да нахраниш сто луѓе, нахрани само еден човек.
- Оние што ги осудуваат луѓето немаат време да ги сакаат.
- Некои луѓе влегуваат во твојот живот како благослов, а некои како лекција.
- Не сме сите создадени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.
- Осаменоста и чувството дека не си сакан се најголемата сиромаштија.
- Не е важно колку работиш, туку важно е колку љубов вложуваш во она што го правиш.
- За да го вратиме мирот, не ни се потребни оружја и бомби. Потребни ни се љубов и сочувство.
- Мирот почнува со насмевка.
- Дочекувајте се едни со други со насмевка бидејќи насмевката е почеток на љубовта.
- Најдов парадокс. Ако некој го сакаш до болка, тоа значи дека повеќе нема да има болка, туку многу љубов.
- Мирот не постои. Тоа е затоа што заборавивме дека припаѓаме едни на други.
Што можете да направите за да поттикнете мир во светот? Одете дома и сакајте си го семејството.
- Најдете време за игра, тоа е тајната за вечна младост.
- Секој што ќе ти се приближи нека си замине подобар и посреќен.
- Во светот поголем е гладот за
љубов и почит отколку за леб.