X
 11.12.2021 Живот

Вообичаена нордиска рутина - капење во студена вода и пробивање низ снег

Јутјуберката Џона Џинтон на својот канал сподели видеа на кои се гледа каков е животот во едно мало село на северот на Шведска, а меѓу другото покажа како изгледа секојдневното пробивање низ снегот и перење на алиштата во ледено езеро.

Едно од најгледаните видеа на каналот е за нордиската утринска рутина - пливање во замрзнато езеро.



Џона Џинтон доаѓа до претходно ископаната дупка во мразот, скока во водата и на крајот целосно се нурнува под мразот. По освежителното капење, јутјуберката пали оган за да се стопли.

Таа откри дека на 21 година решила да се пресели од Гетеборг во село на северот на Шведска, каде што таа и нејзиниот сопруг се занимаваат со сликање, фотографија и изработка на накит.

- Мојот сопруг Јохан работи како ковач и заедно дизајнираме сребрен накит што го пакуваме и испраќаме од нашиот прекрасен дом до клиентите низ светот - пишува на нејзиниот блог.

Во повеќе од 50 видеа на „Јутјуб“ таа го претстави секојдневието условено од исклучително суровата клима и ниските температури.



Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот