X
 16.05.2021 Живот

Вашите омилени песни кажуваат повеќе за вас отколку што мислите

Никогаш не било полесно да ја слушнете песната што ја сакате. Ова звучи моќно, но доаѓа со цена. Луѓето го менуваат начинот на кој слушаат музика, а компаниите го менуваат начинот на кој заработуваат. Сега слушателите стануваат производот.

При користење платформи за слушање музика, додека создавате листа со омилени песни, истовремено испраќате многу податоци до разни компании. А според ново истражување спроведено од израелски истражувачи, вашиот музички вкус открива многу повеќе за вашата личност отколку што мислите.


Фото: Pixabay

Авторите тврдат дека може да се препознае личноста според изборот на песни и затоа ова треба да се земе предвид во законите за приватноста.

Според нив, едноставното слушање музика може да ја наруши нашата приватност бидејќи платформите може да ги искористат овие податоци во маркетинг-стратегиите, на сличен начин како што социјалните мрежи ги користат нашите податоци за компаниите што се рекламираат.

Истражувачите спровеле експеримент со студенти во кои учесниците точно ги препознале лицата според само три одбрани песни во 80% од случаите. Студентите не се знаеле претходно и не биле свесни за музичкиот вкус на колегите.

Автор: Дерек Берес
Извор: bigthink.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот