X
 28.08.2022 Живот

Најдобрите рок-песни за заспивање, според науката

Според ново истражување од порталот „Морнингс“, некои рок-песни може да ви помогнат полесно да заспиете.

Група истражувачи анализирале приспивни детски песни за да создадат мерна скала за приспивност на други песни според ритамот и други музички елементи. Потоа, тие оцениле 500 рок-песни според скалата за приспивност.

На првото место, како песна која е најдобра за заспивање, е „Your song“ од Елтон Џон, со 81 од максимални 100 поени.


На второто место е „Going to California“ од „Лед Цепелин“, а на третото е повторно Елтон Џон со „Mona Lisas and mad hatters“.



На четврто место е „Битлси“ со „Golden slumbers/carry that weight“, па следува „Пинк Флојд“ со „Wish you were here“.



Извор: Mental floss
Насловна фотографија: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот