X
 16.05.2024 Живот

Евица Трајкова: Добро е да си дел од „Прв до врв“ бидејќи правиш нешто добро за себе

Според Евица Трајкова, „Прв до врв“ е од исклучителна важност бидејќи секоја година се подигнува свеста за зачувувањето на животната средина, а и се поттикнува пријателски дух

В недела, 19 мај, по 12. пат ќе се одржи „Прв до врв“, а Евица Трајкова, м-р по економски науки која е дел од тимот на Шпаркасе банка АД Скопје, на позицијата директор на експозитура за ВИП-клиенти, по втор пат ќе учествува на трката, која е една од најмасовните во регионот.

- Мојот спортски ентузијазам и секојдневното уживање во искачувањето на планината Водно беа поттик да се пријавам на „Прв до врв“. Поддржувањето на здравиот начин на живот и зачувувањето на животната средина имаат исто така клучен фактор, но секако и подобрувањето на мојот минатогодишен резултат во учеството на оваа трка - ни сподели Евица.



Подготовката за трка е важен процес

Нејзините редовни тренинзи на Водно почнале уште во 2013 година за време на викендите.

- Секоја недела континуитетот на искачување се зголемуваше во број на денови. Некаде во 2016 година дојдов до секојдневно искачување на Водно, а со тоа секако се подобрија и брзината и физичката способност за искачувањето на Водно - дополнува Евица.

Како што вели таа, подготовката за трка е важен процес, независно дали сте аматерски или професионален тркач.

- Припремите пред трката во извесен временски период во принцип ми започнуваат со правилно одбрана храна бидејќи сметам дека балансираната исхрана е клучна. Го намалувам внесот на масти и влакна, а го зголемувам внесот на јаглехидрати. Хидратацијата е особено битна пред и по тренингот. Секогаш почнувам со умерено темпо на тренинг, со што овозможувам телото да ми се навикне на новиот стрес што следува. Според мене, важна е и психофизичката подготвеност, па секогаш практикувам во тренингот да имам вклучено и вежби за сила. Пред оваа трка тренингот за искачување на Водно добива понапредна фаза и е секојдневен во последните две недели пред самиот старт - вели Евица.



Омилениот дел - последните 10 минути пред врвот


Според неа, овој настан е од исклучителна важност бидејќи секоја година се подигнува свеста за зачувувањето на животната средина, а и се поттикнува пријателски дух.

- Самиот настан, покрај натпреварувачки карактер, има и забавен карактер. Огромна чест и задоволство ми е што сум вработена во институција како Шпаркасе банка, а со тоа и активен поддржувач на настаните кои континуирано ги поддржува мојата банка преку платформата „Sparkasse Life”. Банката интензивно се фокусира на промоција на спорот и на здравите животни навики, како и на стратегијата за одржливост, па во таа насока секогаш ја поддржува манифестацијата „Прв до врв“. Мене лично омилениот дел од трката ми се последните 10 минути искачување пред врвот. Секако, и одличната атмосфера придружена со огромна доза на позитивна енергија од страна на сите учесници - вели Евица.



3.000 учесници во различни категории

Овој настан годинава се одржува по 12. пат, па бројката 12 многу зборува за неговата поддржаност, посветеност и значајност, дополнува таа.

- Секоја година бројот на учесници масовно се зголемува, а тоа покажува колку е значаен овој настан за сите учесници и покровители. Самиот настан има беспрекорна организација. Покрај официјалниот натпреварувачки дух, опфаќа и многу креирани забавно-музички содржини, многу изненадувања за присутните, пикник и музичко дружење со диџеј и бенд. Можам само да пренесам позитивни впечатоци и огромно задоволство од организација. Според мене, настанот претставува најомилена и најмасовна трка во земјава и во регионот. Присуствуваат повеќе од 3.000 учесници во различни категории, а сите заедно се натпреваруваат кој прв ќе пристигне до врвот на планината Водно. Добро е да си дел од овој настан бидејќи правиш нешто добро за себе, ставаме огромен акцент на зачувувањето на животната средина, а самиот настан покрај натпреварувачки дух има и забавен карактер. Мојата порака до сите сегашни и идни пријавени учесници е да веруваат во себе, а со тоа и во иднината.

(Комерцијална објава)
Подготвил: Сања Јачевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот