Градските власти во Ескилстуна, Шведска, усвоија одлука со која питачите се обврзуваат да бараат дозвола, за властите да можат да имаат увид во населението на кое им е потребна помош.
Во документот се вели дека е потребна дозвола од полициските власти за „пасивно собирање пари“ во одредени географски зони. Кога одлуката ќе стапи на сила на први октомври, една дозвола ќе чини околу 15 евра и оние кои немаат дозвола ќе треба да платат казна.
Според социјалдемократскиот одборник Џими Јансон, идејата не е да се спречи просењето, туку да им се овозможи на здруженијата или социјалните служби да контактираат со луѓето што живеат од просење и да видат кој ги наведува на тоа.
Социјалдемократскиот премиер Стефан Ловфен оцени дека иницијативата е интересна, но го отфрли предлогот на конзервативците и на екстремната десница просењето да се забрани на национално ниво.
Текстот сѐ уште треба да биде одобрен од одборот и би можел да биде оценет како
неуставен.