X
 25.05.2017 Култура

Одете каде било во Шведска и тоа целосно бесплатно


Предел во Шведска
(Фото: Lola Akinmade Akerstrom/National Geographic)

Шведска ги огласила сите свои села на интернет платформата за барање сместување „Airbnb“, рекламирајќи се како земја во која секој може да дојде да кампува, да пешачи, да планинари и да собира бобинки – целосно бесплатно.

Шведска, Данска, Финска и другите нордиски земји имаат едно правило кое се нарекува „allemansträtten“, односно „право на секој човек“, кое подразбира дека секој може да дојде и целосно слободно и бесплатно да шета во природа и низ селските предели на земјата, независно дали се работи за земја од јавна или приватна сопственост.

„Можете да берете плодови и да шетате каде било, сѐ додека не им се приближувате до куќите на мештаните и не ги вознемирувате животните во полињата кои мирно си пасат“, вели Џени Кајзер од агенцијата „Visit Sweden“. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура