X
 16.06.2020 Наука

Луѓето се посреќни откако ќе донесат спонтана одлука

Просечниот Американец носи 6.709 спонтани одлуки секоја година, покажува ново истражување. Истото истражување спроведено на 2.000 американски испитаници, кое вклучувало одлуки како што се купување кафе, одење во нов ресторан за ручек, дремнување и слично, покажува дека просечниот Американец дејствува спонтано околу 18 пати на ден.

Дали спонтаните одлуки се клуч за среќата? Според оваа анкета, да.

Истражувањето спроведено од „Уанпул“ открило дека оние што се сметале себеси за спонтана личност имале 40 отсто поголема веројатност да бидат посреќни.


И не само тоа, туку имале и 38 отсто поголема веројатност да се чувствуваат задоволни во својот живот и од својот живот.

Интересно е што повеќето Американци се сметаат себеси за доста спонтани, бидејќи само 6 отсто од нив изјавиле дека не се спонтани.


Но, 72 отсто од анкетираните изјавиле дека се чувствуваат посреќни откако ќе донесат спонтана одлука.

Всушност, од испитаниците што не сметале дека се спонтани секој трет изјавил дека се чувствувал среќно веднаш откако дејствувал на тој начин.

odluki
Фото: Unsplash

59 отсто од анкетираните изјавиле дека можеби донеле огромна спонтана одлука во минатото. Некои од најголемите спонтани одлуки се:

- Резервирање лет до Европа во последна минута;
- Ненадејно менување на кариерата;
- Удомување куче;
- Преселување во нова земја;
- Разведување.

Над половина од испитаниците (56 отсто) изјавиле дека отишле на спонтано патување во последните пет години, при што повеќето од нив (88 отсто) изјавиле дека се чувствуваат посреќни како резултат на тоа.

Ова делумно може да се објасни со фактот дека над четири од пет анкетирани (82 отсто) рекле дека сакаат да одат во авантури и дека се чувствувале позадоволни од животот кога ја задоволиле нивната авантуристичка желба.

Со оглед на пандемијата, голем дел од Американците се затворени во нивните домови, па три од четири луѓе (77 отсто) изјавиле дека првото нешто што ќе го направат откако ќе бидат ублажени мерките е некаков вид авантура.

Секој трет сака да оди на разгледување на некој локалитет, на риболов или пешачење.

- Кога разговаравме со луѓето што ја изедначуваат нивната целокупна среќа со нивната способност да ги искористат спонтаните моменти, откривме дека тие често бараат надворешни активности за да ги исполнат своите желби - вели Ален Талеј, директор за маркетинг на производи во „Каб Кадет“.

Кои се активности што луѓето ќе ги прават по пандемијата?

Разгледување на места - 34 отсто.
Риболов - 33 отсто.
Лов - 33 отсто.
Пешачење - 29 отсто.
Кампување - 26 отсто.
Возење возило со четири тркала - 23 отсто.
Играње некаков спорт - 23 отсто.
Трчање - 23 отсто.
Рафтинг - 19 отсто.

Извор: Good News Network
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука