X
 16.07.2016 Живот

Најдобрите документарци кои треба да ги погледне секој надежен претприемач

Ако сте претприемач, тогаш без сомнение сте во постојана потрага по нови начини како да го зголемите вашиот бизнис.

Доколку барате вакви информации, тогаш овие документарци нудат и повеќе од доволно. Темите се движат од профилите на големите иноватори како Стив Џобс и Хенри Форд па се' до психологијата на однесувањето на човекот.

1. Startup.com




Овој документарец стана пример за тоа како не треба да се прават работите, вклучувајќи го и тоа зошто 50 милиони долари финансирање не секогаш можат да значат успех и како сето тоа може да се изгуби за една година ако вашиот производ е слаб.

2. Steve Jobs - One Last Thing



Овој документарец од „PBS“ беше објавен кратко време после смртта на Стив Џобс во 2011 година. Тој го прикажува балансираниот поглед од комплексниот живот на основачот на „Apple“, а во него се вклучени интервјуа со Рос Перот, Дин Хови и самиот Џобс.

3. Jiro Dreams of Sushi



Oвој документарец од 2011 година го прикажува Џиро Оно, јапонски суши готвач и сопственик на ресторан кој е широко почитуван поради неговите вештини. Филмот ги носи гледачите во внатрешноста на посветеноста, опсесијата и децениите напорна работа, потребни за да се постигне совршенство.

4. Freakonomics The Movie



Режисерите даваат кратки, различни приказни со цел да одговорат на прашањето: Што навистина ги тера луѓето да го прават она што го прават? Дали можноста за финансиска награда ги поттикнува студентите да ги подобрат нивните оценки?

5. Downloaded



Напстер и неговите создавачи се ѕвездите во овој документарец кој раскажува за споделувањето на документи на интернет. Гледачите учат за тоа како се развива компанијата, за тоа какво влијание има врз музичката индустрија и слично.

6. Beer Wars



Филмот дава увид како мала група на создавачи на пиво се обидуваат да влезат во големата индустрија. Не постои ништо поважно од квалитетот на вашиот производ.

7. The Startup Kids



Создаден од двајца претприемачи од Исланд, документарецот во центарот ги става неколку млади старт-ап основачи (Vimeo, Dropbox, Foodspotting, Soundcloud, Kiip) откривајќи што ги мотивирало да го прават она што денес го прават.

8. Something Ventured



Ова е документарец кој раскажува за најуспешните и најплодните капиталисти, кои преку генијалност или среќа се обложиле на технолошки компании како Apple, Google, Atari и Intel и успеале.

 

9. E-dreams

 



Во 1998 година двајца млади банкари го основале Kozmo.com - сервис за достава на DVD, храна, видео игри, алкохол, магазин и многу други работи. Погледнете како компанијата од најголема сензација падна на најниско ниво.

10. The Director



Создаден од компанијата на Џејмс Франко, документарецот ве носи позади сцените на една од најголемите модни куќи, Gucci. Тој ја прикажува кариерата на италијанскиот моден дизајнер и креативниот директор Фрида Џианини.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот