Еден од најуспешните луѓе на векот препорачува книги за вас.
Ретко имаме можност да ѕирнеме во умот на некој генијалец, да го следиме како го проширува знаењето и го менува начинот на размислување. Со повеќето генијалци, ова е тешко да се постигне, но Бил Гејтс не е човек кој се крие. Најмалку што може да направи за нас е да ни покаже кои книги ги чита. Гејтс еднаш рекол дека чита просечно 50 книги годишно, а овие ги препорачува за сите претприемачи.
„Mindset: The New Psychology of Success“
Книгата го истражува концептот за природата и грижата во поглед на интелигенцијата и ја предизвикува идејата дека талентите и квалитетите со кои сме родени не може да бидат сменети.
„Where Good Ideas Come From: The Natural History of Innovation“
Книгата нуди перспектива на иновација и претприемништво, нудејќи пореалистичен поглед кон најголемите откритија. Гејтс ја сака книгата бидејќи самиот признава дека „Мајкрософт“ не е резултат на „моментална инспирација“.
„Business Adventures“
Доколку има една бизнис книга која треба да ја прочитате според Бил Гејтс, тоа е оваа. Дури и Ворен Бафет ја препорачува оваа книга.
„Steve Jobs“
Иако Стив Џобс беше негова конкуренција речиси целиот живот, тој бил и негов пријател. Книгата е брутално искрена за животот, работата и умот на Џобс.
„The Art of Being Unreasonable“
Оваа книга е за луѓето кои прават невозможни работи. Таа ги поттикнува читателите да заборават на границите и да бараат невообичаени работи од себе и луѓето, притоа преземајќи ризици.
„The Black Swan: The Impact of the Highly Improbably“
Книгата е вежба за размислување која ве поттикнува да размислите повторно за начинот на кој ја предвидуваме иднината.
„Outliers“
Гејтс за оваа книга рекол дека луѓето обрнуваат преголемо внимание на тоа какви се успешните луѓе, а премалку внимание на тоа од каде се: нивната култура, семејство, генерација итн. Книгата ги истражува факторите кои влијаат на успехот на една личност.
„The Road to Character“
Гејтс отсекогаш не бил толку сакан. Оваа книга е за конфликтот на егото и карактерот.
„Showing Up for Life“
Оваа книга е одлична збирка на кратки есеи напишани од таткото на Бил. Во есеите, тој пишува за принципите на добриот живот според бизнисот, семејството и личните искуства.