X
 04.12.2017 Технологија

Најдоброто во 2017 година според „Гугл плеј“


Илустрација, пехар
(Фото: Google Blog)


Како и секоја година досега, „Гугл плеј“ ги објави најдобрите апликации, игри и други содржини за 2017 година. Според очекувањата, најпопуларна игра за 2017 година е „Super Mario Run“ на „Нинтендо“. Иако компанијата не објавува податоци за бројот на преземени апликации, „Нинтендо“ во своите поранешни објави го соопшти податокот дека оваа игра била преземена 200 милиони пати од декември минатата година.

Во секоја од шесте категории – игри, апликации, песни, филмови, серии и книги, „Гугл плеј“ ги избира најдобрите пет. Оваа листа се однесува само на американскиот пазар.

Најпопуларната игра за 2017 година

Super Mario Run

Првата игра на „Нинтендо“ за мобилни телефони се врти околу популарниот јунак Супер Марио. Принципот на играта многу потсетува на старите 2Д-продолженија на серијалот, но со модернизирана графика. Карактеристично е дека оваа игра може да се игра со еден прст, односно Марио треба само да скока, додека сите други дејствија ги прави сам. Првите 10 нивоа се бесплатни, додека останатите се вклучуваат по купувањето.





Најпопуларната апликација за 2017 година

Photo Editor – Beauty Camera & Photo Filters

Како што сугерира и самото име, се работи за апликација за обработка на фотографии. Содржи многу ефекти, филтри и налепници, а најинтересна е веројатно затоа што вклучува и виртуелно шминкање. „Developers Pic Tools Group“ тврди дека апликацијата е вонредно напредна, па нуди искуства како оние од козметичките салони, но во виртуелен свет.

Апликацијата Photo editor
(Фото: Screenshot)


Најпопуларната песна за 2017 година

HUMBLE – Kendrick Lamar

Американскиот рапер Кендрик Ламар го зазеде првото место на скалата со својата песна HUMBLE. Иако нема точни податоци за бројот на преземања, тоа е вториот сингл на Кендрик кој се нашол на првото место на американскиот „Billboard Hot 100“.





Најпопуларниот филм за 2017 година

Moana

Анимираниот филм на „Дизни“ го следи животот на ќерката на поглавар од Полинезија, темпераментната Моана. Нејзината задача што ја добива од океанот е да ја достави мистичната реликвија на божицата. Се разбира, судбината на племето зависи од Моана, која низ целиот филм се обидува да го спаси од катастрофите што се закануваат.





Најпопуларната серија за 2017 година


Game of Thrones

Веројатно никој не е претерано изненаден што првото место на листата со најпопуларни серии го зазеде американската фантастична драма „Игра на троновите“. Серијата е снимена според книгите на Џорџ Р. Р. Мартин - „Песната за мразот и огнот“.





Најпопуларната книга за 2017 година

The Subtle Art of Not Giving a F*ck – Mark Manson


Оваа година најпопуларна книга на „Гугл плеј“ бил водичот за самопомош „The Subtle Art of Not Giving a F*ck“ на Марк Мансон. Најверојатно книгата се обидува да им помогне на луѓето да сфатат дека работите во животот и не се толку страшни како што изгледаат.


Книга: The subtle art of not giving a f*ck
(Фото: Screenshot)
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија