X
 16.07.2019 Технологија

Камион „тесла“ снимен без возач на автопат

Пред извесно време на интернет се појави снимка од магистрала во Калифорнија каде што, се чини, прототип на електрокамионот на компанијата „Тесла“ - „семи“ се движи без возач зад воланот.

Можно е, сепак, тој впечаток да е резултат на случаен одраз во предното стакло, кој создал оптичка илузија. Всушност, возачот најверојатно си е на место.

Доколку, сепак, од „Тесла“ на автопатот извадиле самоуправувачки камион без возач, тоа би значело сериозни проблеми за компанијата, во смисла на казни и можна забрана за патни тестови на самоуправувачките системи.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија