Седумдесет и двегодишниот Грег Рос решил да ја напушти директорската фотелја и се насочил кон сосема друга работа - станал камионџија.
Кога Грег Рос се враќал од погребот на својот вујко во 2008 година, погледнал низ прозорецот на авионот и додека слетувал во Перт, донел одлука која му го променила животот.
Во текот на летото тој сфатил дека доживеал согорување како генерален директор на една театарска куќа, а децении подоцна и како извршен директор за маркетинг на престижни автомобили.
- Веројатно е многу специфично за мојата возрасна група. Никогаш не смееме да плачеме, никогаш не смееме да се откажеме, мора да стоиме цврсто. Се бориме во себе - вели тој.
Песната што му падна на ум беше „Watching the wheels“ од Џон Ленон... „Само седам овде и гледам како се вртат тркалата“.
Ја напуштил работата и кога децата го прашале што ќе прави, тој рекол: „Мислам дека само ќе возам камион“.
Се пријавил за работа како возач на огромен камион со две и повеќе приколки. Рос сакал да ги вози најголемите шлепери во светот.
- Бев поканет од компанијата: „Нема ништо на вашето сиви за возење камион“ - ми рекоа тие.
Рос во младоста возел помали возила, а сега вози шлепери. На 72 години има договор со полно работно време. Сега тркалата се вртат сосема поинаку.
Работи 12 часа дневно, 14 дена по ред, а потоа има една недела одмор.
Рос ја сака осаменоста.
- Понекогаш сакам само тишина. Ако одите на патување од 300 километри, способноста за размислување е прекрасна. Јас сум многу среќен. Ми се допаѓа тоа што сум и каде сум - вели тој.
Пред 25 години, Рос имал рак на тироидната жлезда и му дале само три месеци живот. Затоа, неговата втора професија може да се сфати како втора шанса.
Рос вози велосипед за да се одржи во форма и се надева дека ќе вози шлепери уште три до пет години.
- Сум видел мажи како стареат одеднаш. Не ги гледате неколку месеци, а потоа ги гледате и ги имаат оние ревматски очи. Слабеат и алфа-мажите стануваат старци - вели тој. Но, Рос не сака годините да го изненадат така.
- Мојата чаша е секогаш полуполна, а келнерот доаѓа со друго шише - вели тој.
Извор:
The Guardian
Фото: Twitter