X
 18.05.2018 Технологија

Теслините батерии снабдуваат еден цел град во Белгија



Големиот систем на батерии што служи за спречување на нарушувањата и недостатоците во снабдувањето со струја, како и за стабилизација на електроенергетскиот систем, оваа недела беше стартуван во белгиското гратче Терхилс.


Теслините батерии од птичја перспектива
(Фото: Printscreen Youtube / Tesla)


Системот се состои од 140 „Powerpack“ батерии со инвертери на компанијата „Тесла“, со заедничка сила од 18,2 мегавати.

Неговата основна задача е да го складира вишокот произведената електрична енергија, но и да го ослободува во мрежата кога производството е намалено.

Системот батерии би требало да реагира на промените на фреквенцијата на електрична енергија за многу краток рок, и тоа до 100 пати побрзо од класичните системи што произведуваат енергија од фосилни горива.

Компанијата „Тесла“ при инсталирањето на системот објави две видеа кои го претставуваат проектот, а втората „тајмлепс“ снимка го прикажува самиот процес на поставување на системот батерии.







Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија