X
 16.07.2023 Наука

Луѓето имаат невидливи линии и дамки на кожата

Луѓето имаат невидливи обрасци на кожа поради необичниот начин на формирање на кожата. Меѓутоа, ние најчесто не може да ги видиме овие обрасци, иако тие може да се појават со различни кожни состојби како егзема и витилиго.

На почетокот од 20 век германскиот дерматолог Алфред Блашко ја истражувал кожата на над 150 пациенти. Тој забележал дека бенките, белезите и другите кожни аномалии на телата следат одредени линии. Се чинело дека овие линии постоеле од раѓањето и не следеле некој друг телесен систем, како вените или нервите.

Денес експертите сметаат дека овие линии го следат патот кој го поминале клетките кога се разделувале и ја формирале кожата за време на развивањето во матката. Некои од овие обрасци имаат и поинаков облик на поголеми дамки. Овие дамки јасно означуваат каде се различните видови на клетки на кожата.

Иако овие обрасци не се видливи за нас, некои кожни состојби може да ги направат видливи. Разни мутации може да предизвикаат кожни мозаици кои ги следал линиите и облиците откриено од Блашко.



Извор: Science alert
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука