Аортата, главната и најголемата крвна артерија, која носи крв од срцето до остатокот од телото, доби посебна чест во медицинскиот свет - таа е препознаена како посебен човечки орган.
-Тоа е голем чекор. Препознавањето на аортата како орган ја става на исто ниво со другите органи, срцето, белите дробови и мозокот – истакна Мартин Черни од Универзитетската болница во Фрајбург, Германија.
Новиот статус на органот важи во земјите на Европската Унија и во Соединетите Американски Држави, откако тој е дефиниран како таков во упатствата на Европската асоцијација за кардиоторакална хирургија и Американското здружение на торакални хирурзи.
Оваа одлука ќе направи разлика и за пациентите бидејќи клиничкиот процес за многу од нив што се лекуваат од аортна болест веројатно ќе биде различен и пооптимален.
Третман на аортата како дел од посебна медицинска област
Досега беше вообичаено болестите на аортата да се третираат или во кардиохирургија или во васкуларна хирургија, во зависност од видот и локацијата.
- Новите упатства јасно препорачуваат третман на аортата како дел од посебно медицинско поле. Тоа треба да се поврзе со други слични области на медицината. Сето тоа ќе го подобри лекувањето на руптурите на аортата и другите сериозни болести - објасни Черни, кој е и директор на болницата за кардиоваскуларна хирургија во Германија.
Извор: Index.hr
Фото: Freepik