X
 24.05.2017 Наука

Зошто на луѓето што живеат на Хималаите не им пречи недостигот на кислород?

Психологијата на луѓето кои живеат на Хималаите еволуирала во текот на период од илјадници години, па така тие станале супер-човечки искачувачи на планини, водејќи и помагајќи им на другите кои сакаат да се искачат на Монт Еверест.

Но, што е она во нивниот организам што им помага да го надминат проблемот со недостиг на кислород. Според најнова студија, тие се поефикасни во користењето на кислородот за да му дадат сила на своето тело, а тоа за нив е природна предност за разлика од оние кои доаѓаат од пониска средина.

Научниците ги истражувале овие луѓе и ги споредиле со Европјани. Биле земени примероци од крв и мускулна маса и од двете групи. Резултатите покажале дека митохондријата на луѓето кои живеат на Хималаите, има поголема ефикасност во произведување на аденозин трифосфат, што овозможува трансфер на енергија меѓу клетките. Луѓето едноставно се приспособени на таквата средина, а за оние кои живеат на пониско ниво се докажало дека побавно се аклиматизираат.

Иако научниците не мислат дека би требало сите да прераснеме во супер-човечки искачувачи на планини во иднина, сепак сметаат дека е можно овие откритија да помогнат во развивањето на нови начини за третирање на проблемот со недостаток на кислород.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука