Пред алатките како „Гугл транслејт“ и вештачката интелигенција да станат секојдневие, комуникацијата со некој што зборува различен јазик беше вистински предизвик.
Но сега, благодарение на овие технолошки достигнувања, многу е полесно да се поврзете со луѓе од различни култури. Овие алатки се одлични за оние со способност за слух, но луѓето кои се глуви или наглуви често немаат голема корист од нив.
Во обид да се премости јазот во комуникацијата помеѓу корисниците на знаковниот јазик и оние што не знаат да го користат, двајца студенти од Универзитетот во Вашингтон дизајнираа ракавици наречени „Сајналауд“ кои го преведуваат знаковниот јазик во текст или говор. Нивниот иновативен изум им ја донесе студентската награда „Лемелсон-МИТ“ и 10.000 долари.
Секоја ракавица користи сензори за следење на позициите и движењата на рацете, испраќајќи ги податоците безжично преку блутут на компјутер. Компјутерот ги обработува податоците користејќи статистички регресии слични на невронска мрежа.
Фото: Screenshot/YouTube