X
 01.12.2018 Технологија

Фотографија што не треба да ја споделувате на социјалните мрежи

Сигурно сте имале можност да видите безброј фотографии од пасоши и авионски карти на социјалните мрежи. Но, постои оправдана причина зошто не треба да поставувате вакви фотографии.

Имено, ваквата фотографија може да ве доведе во голема опасност. Од неа хакерите можат да извлечат голем број информации за вас, па дури и само од еден видлив податок.

Фотографијата од билетот може на сите да им овозможи да видат преку која авиокомпанија сте го резервирале летот, вашето целосно име, бројот на летот (но и времето кога летате), бројот на картата и бар-кодот.

„Passenger Name Record“ е единствениот идентификациски број што содржи голем број ваши лични информации. Дури и кога не се гледа на авионската карта, до него може да се дојде со скенирање на бар-кодот.

Хаштагот #boardingpass на „Инстаграм“ моментално има повеќе од 150.000 фотографии од кои хакерите можат да дознаат многу детали за оние што ги поставиле, доволно за да дојдат до бројот на кредитната картичка и домашната адреса.
Објавувајќи вакви фотографии се доведувате во ризик од крадци, кои директно добиваат информации дека во вашиот дом нема никој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија