„
Бизнис инсајдер“ ја објави листата со најдобро оценетите аеродроми на светот. Повеќето од нив ги надминуваат основните потреби на патниците и содржат вистински атракции.
(
Фото: Pixabay)
Меѓународен аеродром Куала Лумпур, Малезија: Џунгла
Еден од најфреквентните аеродроми во светот, од своето отворање во 1998 година ги воодушевува посетителите со џиновските дрвја и палми во внатрешноста на големата стаклена капсула која е сместена во средината на аеродромот.
Меѓународен аеродром Хамад, Катар: Базен
Овој аеродром е отворен во 2014 година. Во својот комплекс има 25 метри долг базен кој е отворен за јавноста, а влезницата чини 35 долари. Во цената се вклучени базен, џакузи и бодибилдинг-центар.
Меѓународен аеродром во Сан Франциско, САД: Соба за јога
На овој аеродром патниците имаат можност по долгите и напорни летови да се опуштат во собата за јога. Во аеродромскиот комплекс има и музеј и библиотека.
Меѓународен аеродром во Дубаи, Обединети Арапски Емирати: Интерактивна зона за деца
Овој аеродром до 2008 година беше најголемата зграда на светот според површината на основата на просторот. Има многу продавници, ресторани, спа-центри, простор за спиење. Тука постои и простор за деца кој опфаќа интерактивни игри, качување по вештачки карпи, како и простор за семејно играње.
Меѓународен аеродром во Минхен, Германија: Лизгалиште
Да, добро прочитавте. Во текот на зимските месеци аеродромот во Минхен отвора лизгалиште за своите патници.
Меѓународен аеродром Чанги, Сингапур: Содржи сè
Доколку се најдете овде, најверојатно ќе посакате авионот да ви доцни. Имено, овој аеродром се смета за најдобриот на светот. Поседува базен на покривот, неколку рибници и езерца опкружени со цвеќиња, водопади, градина од сончогледи, тобогани, како и луксузен хотел.
Впрочем, видете и сами: