X
 16.08.2018 Образование

Средношколец од Струга освои бронза на Светската олимпијада за геонауки во Тајланд


Средношколецот Александар Стојчески од Струга освои бронзен медал на Светската олимпијада за геонауки што се одржа во Тајланд.
Неговиот ментор, проф д-р Ивица Милевски од Природно-математичкиот факултет од Скопје, на својот фејсбук-профил ја објави веста.

- Прво учество на Македонија на Светската олимпијада за геонауки и прв бронзен медал за нашата држава за Александар Стојчески од Струга. Сето тоа во огромна конкуренција на 150 натпреварувачи од 40 држави од сите 5 континенти (вклучувајќи ги Кина, Јапонија, САД, Австралија, Франција, Италија, Германија, Русија, Кореја, Индија, Индонезија, Мјанмар, Аргентина, Бразил, Шпанија, Португалија, Финска, Чешка, Филипини, Пакистан, Израел, Турција, Малави, Хаити, Тајван).


Александар со професорот Милевски на доделувањето на наградата (фото: Фејсбук)

Ова е 12-тото издание на Светската олимпијада за геонауки, која годинава се одржа на кампусот на Универзитетот „Махидол“ во Тајланд.

Професорот Милевски за Факултети.мк кратко изјави дека сами го финансирале учеството на олимпијадата и попладнево гордо ќе учествуваат на завршната церемонија.

- Како ментор на Александар и Венеса, задоволен сум од нивниот настап, резултати, активности, воспоставени контакти, примерно однесување и им посакувам да имаат уште поголеми успеси понатаму во животот!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование