Шведскиот фотограф, 92 годишниот Ленарт Нилсон поминал 12 години фотографирајќи го развојот на човечкиот фетус - од сперматозоид и јајце клетка, па се' до бебето пред раѓање.
Фотографиите ги направил со помош на цитоскоп, апарат кој се користи за време на гинеколошки преглед, и минијатурна камера со минијатурна светлина. Резултатите се ретки примери од самиот зачеток на животот.
1. Сперматозоидот во јајце-клетката
Целта - да стигне до јајце клетката пред 200 милиони останати „конкуренти“.
2. Најважниот момент
Најбрзиот од сите се спојува со неоплодената јајце клетка
3. Ембрионот се закачува на ѕидот на матката
Десетина дена откако дошло до спојување, ембрионот удобно се сместува во ѕидот на матката.
4. Мозокот започнува да се развива
После 22 дена, започнува да излегува сивата маса која подоцна ќе биде мозок.
5. Срцето започнува да чука
24 ден - Едномесечниот ембрион се'уште нема скелет. Има само срце кое започнало да чука.
6. Започнува да се формира лицето