X
 09.06.2015 Култура

Најдобрите филмови од германската кинематографија кои морате да ги погледнете

Луѓето често го забораваат фактот дека германската кинематографија со својот пионерски и иновативен пристап до филмот воодушевува во светот на филмот.

 

film


Доволно е само да се потсетите на влијанието на германскиот филм при развојот на хоророт, дистопичните научно-фантастилни филмови - постојат и други избори на жанрови кои ги обликувала токму германската камера.

Овие филмови кои ви ги нудиме беа создадени во последните 35 години, а се дел од познатата книга насловена „1001 Movies You Must See Before You Die“, такашто сигурно нема да згрешите доколку погледнете било кој од нив.

1. Das Boot

 

Реалистичен антивоен филм на Вофлгагн Петерсен е одлична екранизација на истоимениот роман од 1973 година. Филмот се смета за еден од најдобрите светски филмски остварувања кога станува збор за воена тематика.


2. Downfall (Der Untergang)

 

Филмот е направен во 2004 година, а претставува еден од најуспешните портрети на Фирерот направени на германски јазик. Треба да знаете дека прикажувањето на нацизмот на начин на кој е прикажан во овој филм во поствоениот период во Германија е цензурирано.


3. Fitzcarraldo

 

Вернер Херзог го направи овој акциско-авантуристички филм за еден Ирец кој на преминот од 19 во 20 век си замислил дека ќе стане претприемач кој ќе се занимава со извоз на гуми од Перу и со заработката ќе изгради оперска куќа.


4. Goodbye, Lenin!

 

Кога еден млад човек е фатен од источногерманската полиција поради учество во протестите против комунистичката влада, неговата мајка од силен шок преживува срцев удар поради кој паѓа во кома.


5. Nosferatu the Vampyre (Nosferatu: Phantom der Nacht )


 

Вернер Херзог на интересен начин ги оживува згодите и незгодите на стариот Носферату кој копнее по девицата Луси Харкер.


6. Run Lona Run (Lola rennt)

 

Том Тајквер во овој популарен инди филм на гледачите им нуди три различни верзии од една иста приказна. Црвенокосата Лола има мисија да собери 100.000 германски марки за да го спаси животот на нејзиното момче кој има проблеми со дилерите.


7. The Lives of Others (Das Leben der Anderen)

 

Оваа социјално-политичка драма на режисерот Флоран Хенкел вон Донерсмарк освои Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, а му бил првиот сериозен филм кој некогаш го направил.


Филмот се случува во 1984 година и го следи источногерманскиот полицаец кој го шпионира односот кој се одвива меѓу еден социјалистички ориентиран драматург и неговата љубовница.

8. The Marriage of Maria Braun (Die Ehe der Maria Braun)

 

Оваа парабола за преживувањето во повоена Германија е првиот дел од триологијата која ги вклучува „Lola“ и „Veronika Voss“. Хана Шугула во овој филм глуми амбициозна жена во време кога земјата е уништена од корупцијата.


9. The Tin Drum (Die Blechtrommel)

 

Филмот има добиено Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, а Волкер Шлондорф го снимил филмот според најпознатиот роман на Гантер Грас кој се занимава со необичните случки на едно уште понеобично дете.


10. Wings of Desire (Der Himmel über Berlin)

 

Генијалниот Вим Вендерс го снимил филмот во 1987 година, за двајца невидливи ангели кои секојдневно ги слушаат мислите на луѓето. Проблемот настанува кога еден од ангелите се вљубува во Марион. Тој поради неа се откажува од својата бесмртност, а таа го сонува спротивното - да стане бесмртна.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура