Учениците на секој одмор мора да излезат надвор за да играат. Школото им е супер организирано и не е воопшто стресно за децата. Системот гледа да им го олесни школувањето, а не да им го отежни, па децата да сакаат да бегаат од часови, каков што е случајот во Македонија, вели Лита Ќириќ, скопјанка која со своето семејство живее во Рејкјавик. Таа ни раскажа како изгледа да се расте деца во оваа земја.
Децата се самостојни, индивидуалци и немаат потреба од многу дружење меѓу себе, нешто што е сосема спротивно од нашата земја, вели Лита Ќириќ, архитект по професија и мајка на Јосиф (8) и Клара (3), кои во последните четири години живеат во главниот град на Исланд, Рејкјавик.
Прочитајте повеќе на
ДЕЦА.МК