Фотограф се преселил во Исланд за да ги истражува прекрасните глечерски пештери

Фотограф се преселил во Исланд за да ги истражува прекрасните глечерски пештери

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Инспириран од ледените пештери со кои се сретнал при неговото прво патување во Исланд, фотографот Рајан Њубурн се преселил во земјата и станал водич за глечери.

Сега тој е сопственик на компанија за патувања и посета на глечери, што му овозможува да продолжи да ги истражува овие природни чуда и да ги споделува со јавноста. Фотографиите од неговите авантури даваат извонреден поглед на убавината на овие пештери.

- На планета каде што 99 отсто од светот е мапиран и истражен, секој ден се формираат нови ледени пештери додека старите се топат. Ова значи дека има бескраен број пештери за откривање и истражување. На пример, првата пештера што ја посетив во 2016 година веќе не постои. Она што остана е само карпа, не покажувајќи никакви знаци дека нешто воопшто се наоѓало таму - вели фотографот.

Сликите на Њубурн раскажуваат неверојатна приказна за убавината на мразот и како тој го обликува нашиот свет. Неговите визуелни слики се потсетник на моќта на природата и она што ризикуваме да го изгубиме.

- Мразот што го гледате во која било пештера може да е стар од 200 до 1.000 години. Може да има пепел од древните вулкански ерупции заробена во него, како да е затворена во временска капсула  - вели фотограф.

Преку неговата работа како фотограф и како водич, Њубурн се надева дека ќе поттикне разговор за овие глечерски пештери и што тие значат за нашата планета.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Ryan Newburn