X
 26.02.2019 Живот

Исланд одобрува убиство на илјадници китови во наредните пет години

Исландските власти најавија дека ќе одобрат продолжување на ловот на китови за најмалку пет години, одобрувајќи убивање на најмногу 2.130 според новите квоти.

Петгодишната политика на китолов се обновува откако министерот за риболов Кристјен Џулисон објави дека годишната квота ќе биде 209 перајари и 217 усани.

Сè поголем број бизнисмени и политичари се противат на оваа практика поради зависноста на оваа островска земја од туризмот. Тие велат дека китоловот е лош за бизнисот и претставува закана за репутацијата на земјата и растечкиот меѓународен туризам, кој стана рамка на националната економија на островот.

Исландската патничка асоцијација минатата недела издаде соопштение во кое се наведува дека владата им нанесува штета на големите интереси на нацијата и угледот на земјата, за малиот сектор за лов на китови, кој се бори да ги продаде своите производи, да може да има корист.

- Нивни пазари за китови се Јапонија, Норвешка и Палау, а наш пазар е целиот свет - се наведува во соопштението.



Исландската статистичка агенција истакнува дека туризмот учествува со 8,6 отсто во економијата на островот. Во 2016 година првпат во историјата туризмот донел повеќе добивки од рибарската индустрија.

Исланд има четири брода вооружени со харпуни, кои се во сопственост на четири поморски компании што известуваат дека работат со губиток или мал профит. Минатата година индустријата убила 150 кита, покажуваат податоците од Директоратот за риболов.

Откако комерцијалниот лов на китови беше обновен на островот во 2016 година, компаниите на китоловците никогаш не ги исполниле одобрените китови. Како резултат на тоа, се смета како малку веројатно дека ќе бидат убиени 2.130 кита, колку што е одобрено.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот