X
 16.10.2019 Живот

ФИНКИ во соработка со „Дата мастерс“ - првата консултантска Data Science компанија во Македонија

Соработката помеѓу универзитетите и компаниите не само што е корисна, туку претставува премостување на празнината што постои помеѓу факултетското образование и практичната работа.

Зголемената конкуренција и „натпреварот“ за знаење бара двата сектори да се прошират и да ја развијат соработката. Овие заемно корисни партнерства можат да придонесат до создавање важни истражувања и иновации кои решаваат комплексни проблеми, го поттикнуваат економскиот раст и создаваат поквалификувана работна сила.

Додека универзитетите и индустријата уживаат симбиотски однос, општеството исто така има придобивки од обучена работна сила која одговара на денешните најтешки предизвици и создава технологија за подобрување на животот.

Водејќи се по најсовремени стандарди, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) реализира соработка со „Дата мастерс“ за студиската програма од втор циклус студии - Статистика за аналитика на податоци каде што се воведува можност студентите да го зголемат своето знаење и да стекнат реално искуство во компанија која е длабоко навлезена во Data Science индустријата.

- Се надевам дека оваа соработка ќе придонесе нашите студенти полесно да се пласираат на пазарот на труд и полесно да се интегрираат во тимовите кои работат на проекти што вклучуваат  каква било работа со податоци. Како професори очекуваме дека преку соработката ќе бидеме во тек со потребите на фирмите, за предавањата да ги адаптираме во насока на вадење кадри кои веднаш може да се вклучат во работниот процес - изјави проф. Марија Михова, еден од одговорните професори на студиската програма - Статистика за аналитика на податоци.

Програмата е дизајнирана со цел да се пренесе знаењето и искуството кое се фокусира на науката за податоци на нови лица заинтересирани за ова новопризнаено поле. Статистичката теорија и практичното искуство што применува статистички модели во работата со податоци се всушност спој од кој произлегува наставната програма. Поголемиот дел од студентите по завршувањето на студиите би можеле да се вработат како статистичари, аналитичари и експерти во работата со податоци во рамките на јавни и приватни институции.

Консултантите од „Дата мастерс“ како гости-предавачи

Консултантите директно ќе им го пренесат своето искуство на магистрандите на студиската програма „Статистика за аналитика на податоци“. Студентите ќе имаат можност да бидат дел на некои од предавањата и вежбите и директно да се запознаат со реалните предизвици што ги имаат компаниите од индустријата.

Практична работа во „Дата мастерс“

„Дата мастерс“ ги отвора вратите за практична работа каде што студентите ќе се соочат со предизвиците во работeњето со податоци и ќе бидат дел од реализацијата на вистински проекти од индустријата.

Поддршка при изработка на магистерски труд

„Дата мастерс“ ја отвора можноста за консултации и помош при изработка на магистерската теза на некои од студентите.

„Дата мастерс“

„Дата мастерс“ е прва македонска компанија фокусирана на бизнис-интелигенцијата и машинското учење. Посветениот тим на „Дата мастерс“ има една мисија, а тоа е поддршка на секоја компанија во Македонија при трансформацијата во data-driven компании. Филип Петровски како дел од оваа компанија изјавува: Факт е дека не ни е идеално дома, меѓутоа, нашата генерација е таа што пополека доаѓа на сцена и од нас зависи како ќе го дефинираме општеството во наредните години.

Главната мотивација за отворање на оваа компанија е поврзана со желбата на консултантите да го споделат искуството стекнато работејќи во областа.

Повикот за пријавување е отворен до 25.10.2019 година.

Сите заинтересирани може да аплицираат ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот