X
 16.10.2020 Култура

За Тоше од Пере Јованов - како плаче виолончело

16 oктомври 2007 година, сѐ уште студент, бев на работа во едно планинско место – Монгидоро во Италија. Разнесував рекламен материјал (весници, летоци итн.) за да се издржувам... Веста за Тоше ми ја кажаа по телефон двајца другари од Радовиш, кои исто така беа на студии во Италија. Беше еден врнежлив ден, ко универзумот да плачеше за Тоше. Ја памтам уште куќата пред која се наоѓав во тој момент и секој нареден пат кога бев на тоа место се присетував на нашиот Тоше. Во тој период во МП3-плејерот често ми одеше неговата верзија од песната „Остала си увијек иста“, па така пешачев километри секој ден слушајќи ја и размислувајќи. Големината на Тоше се гледа и ден-денес. По цели 13 години, на овој ден скоро и да нема Македонец кој не се присетува на него. Јас најмалку што можам е да ја отсвирам таа песна и заедно да си го спомнеме“ – со оваа трогателна порака виолончелистот Пере Јованов денеска одбележа 13 години од смртта на Тоше на својата фејсбук-страница.

Јованов е наш музичар што живее во Јапонија.


Пере Јованов од Струмичко свири на виолончело под отворено небо во Токио

Фотографија на Тоше Проески: Слободан Ѓуриќ


...
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура