На денот на последниот концерт на Тоше Проески, 5 октомври, вечерва на Гумење ќе се одржи концерт „Со љубов за Тоше“.
Пред Спомен-куќата „Тодор Проески“ во Крушево, на вториот по ред концерт, ќе настапат „Фрајле“, Бојан Маровиќ, Александра Јанева, Димитар Андоновски, Славица Ангелова, Мите Стоилков, Александра Трајческа, Никола Зацески, Зоран Илиев и „Инвиктус бенд“.
- На концертот ќе ги пееме неговите безвремени хитови - „Со љубов за Тоше“ - најавуваат од тимот „Krusevo Advisor“.
Извор: МИА