Марсел Пруст е француски интелектуалец, романсиер, есеист, критичар и еден од претставниците на импресионизмот. Роден е на 10 јули 1871 година, во Париз.
Негово најпознато дело е „Во потрага по изгубеното време“, кое се состои од седум тома. Делото било објавено во период од 14 години и имало големо влијание врз многу писатели.
Од неговиот живот произлегувале темите со кои се занимавал: корозија на битието низ времето, љубомората и љубовта (хетеросексуална и хомосексуална), физикалноста и определувањето на психата од страна на телото, непостојаноста на меѓучовечките односи, проблематичната природа на идентитетот итн.
Последните три години од животот ги поминал во својата спална соба, дење спиел, а навечер работел на романот. Починал на 22 ноември 1922 година во Париз, а зад себе оставил некои од највредните дела на класичната литература и мноштво мудри мисли и изреки.
- Љубовта е меѓусебно мачење.
- Времето минува малку по малку и сите лаги што ги кажавме стануваат вистина.
- Убавиците им ги оставам на мажите што немаат имагинација.
- Времето ги менува луѓето, но не ја менува сликата што ја имаме за нив.
- Секој читател се пронаоѓа себеси. Делото на писателот е само еден вид оптички инструмент што му овозможува на читателот да го види во себе она што никогаш не би можел без книгата.
- Во школата на животот, за жал, не може да се забошотува.
- Среќата е благослов за телото, но страдањето ја развива силата на умот.
- Нашата љубов кон другите не слабее затоа што тие се мртви, туку затоа што и ние умираме.
- Нема потреба од катаклизма за да се сака животот денес.
- Доволно е да мислиме дека не сме ништо повеќе од обични човечки суштества и дека смртта може да нѐ пресретне вечерва.
- Секоја идеја е лесна додека не се земе предвид реалноста.
- Само поради елеганцијата и понатаму се трудам да останам морално чист.
Извор:
Stil.kurir.rs
Фото:
Wikipedia