Фото: Reuters
Сатиричниот филм на Швеѓанецот Рубен Остлунд синоќа ја освои Златната палма на 70-от филмски фестивал во Кан, објави жирито на чело со шпанскиот режисер Педро Алмодовар.
Филмот се исмејува со светот на уметниците како и со малите и големите подлости на богаташите кон мигрантите, бегалците и бездомниците.
Софија Копола ја освои титулата за најдобар режисер за нејзиниот филм „The Beguiled“, Хоакин Финикс за филмот „You Were Never Really Here“ ја освои наградата најдобар актер, а наградата за најдобра актерка отиде во рацете на Даен Кругер за филмот „In the Fade“.
Никол Кидман доби специјална
награда.