X
 10.04.2022 Култура

Нов документарен филм за диносаурусите во нарација на Дејвид Атенборо

Следниот месец треба да биде објавен нов документарен филм за диносауруси, а наратор ќе биде познатиот природонаучник и автор сер Дејвид Атенборо. Обожавателите на диносаурусите се прилично воодушевени од веста.

Документарецот наречен „Прaисториска планета“ (англ. Prehistoric Planet) треба да се појави на „Епл ТВ+“, а во него ќе бидат употребени најновите палеонтолошки учења и најсовремената технологија за да се откријат спектакуларните жителите на древната Земја.

Документарната серија е во продукција на Џон Фавро и Мајк Гантон со Одделението за природна историја на Би-би-си и ќе вклучува фотореалистични визуелни ефекти какви што имаат филмовите „Кралот Лав“ (2019 година) и „Книга за џунглата“ (2016 година) - филмови што ги режира и продуцира Фавро.

Музиката во документарецот ќе биде на филмскиот композитор Хан Зимер.

- Придружете ни се во приказната што никогаш не сте ја слушнале, во размери на кои никогаш не сте биле сведоци - раскажува 95-годишниот Атенборо.

Со оглед на новите откритија во последниве години за изгледот и однесувањето на диносаурусите, кои дополнително го развија нашето разбирање за овие суштества, обожавателите се воодушевени за документарецот.



Извор: Indy100.com
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура