X
 30.11.2021 Култура

Изложба на славниот уметник Мерсад Бербер по 40 години

Еден од најреспектираните уметници од поранешна Југославија, Мерсад Бербер, по речиси четири децении ќе ѝ се претстави на македонската публика со самостојна изложба, која ќе биде отворена денеска во галеријата „Ел Греко“ во Скопје со почеток во 19 часот. На изложбата ќе бидат претставени 23 графички листа, дел од нив во комбинирана техника, а дел во техниката glicée. Изложбата ќе биде поставена до 20 декември

- Мерсад Бербер на нашите простори за последен пат е претставен пред речиси 40 години. Оваа значајна личност од југословенското уметничко милје е една од ретките фигури која постигнува меѓународна признаеност и кариера, негови дела се наоѓаат во многубројни меѓународни колекции (јавни и приватни), меѓу кои треба да се истакне фактот што негови дела се откупени и изложени во галеријата „Тејт“ во Лондон од циклусот Hommage à Velásquez – соопштуваат од галеријата „Ел Греко“.

Мерсад Бербер е по потекло од Босна и Херцеговина, од малото место Босански Петровец. Имал огромен број самостојни изложби низ целиот свет, а учествувал на многубројни групни изложби, локално и меѓународно. Тој е добитник на голем број престижни награди и признанија на најзначајните меѓународни сликарски и графички изложби. Живеел и работел во Љубљана, Сараево, Загреб и Дубровник.

фото: ФБ-страница на галерија Ел Греко

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура