X
 16.11.2022 Наука

Мисијата „Артемис I“ конечно беше лансирана

Историската мисија „Артемис I“ беше лансирана рано утрово по повеќекратно одложување. Во рамките на мисијата беше испратена сонда до Месечината која ќе помогне во идните човечки мисии до Месечината.

Ракетата СЛС, која е висока 98 метри, беше лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ изутринава. Ракетата е најмоќната што досега стигнала до орбитата на Земјата.

На ракетата се наоѓа сондата „Орион“, која треба целосно се одвои од ракетата во вселената. „Орион“ е дизајнирана да носи луѓе, но оваа мисија треба да биде пробна и затоа во сондата има апарати и машини кои треба да соберат податоци од мисијата.



Се очекува „Орион“ да патува околу 2 милиона километри. Кога ќе пристигне до Месечината, сондата треба да кружи околу неа и да се врати на Земјата. Мисијата треба да трае околу 25 дена. Сондата треба да падне во Тихиот Океан во близина на Сан Диего, на 11 декември.

Мисија со луѓе до Месечината се планира за 2024 година. Мисијата беше одложувана повеќепати во последните месеци поради технички проблеми со ракетата и лоши временски услови.

Извор: CNN
Насловна фотографија: Twitter (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука