X
 01.08.2018 Живот

Што направи НАСА во изминатите 60 години?

Откако Русите во 1957 година го испратија првиот сателит во вселената, Американците не седеа мирни. Ги испратија првите луѓе на Меечината, а до денес не се откажаа од истражувњето на тоа небесно тело кое ни е најблиско. Но, имаат големи планови и за Марс. Американскиот претседател Доналд Трамп во својот мандат ги зголеми средствата за НАСА, а ако продолжи тој тренд, американската вселенска агенција би можела да постигне уште повеќе големи нешта.

Што сработи НАСА во изминатите 60 години?

Moon NASA

Пред 60 години САД започнаа вселенска трка со Советскиот Сојуз, основаа своја вселенска агенција (НАСА) и тргнаа на патување кое по десетина години ќе ги одведе на Месечината. Првите луѓе прошетаа по сателитот на Земјата на 20 јули 1969 година. Оттогаш НАСА во настојувањето да ги помести границите на вселенското освојување доживеа многу успеси, но искуси и тешки неуспеси.

Во текот на подготовките за првиот лет на вселенскиот брод „Аполо“ во 1967 година имаше пожар на лансирната рампа при што загинаа тројца астронаути. Во експлозиите на два ракетоплани во 1986 и во 2003 година загинаа 14 членови на екипажот.

Orion Mars

Денес НАСА се обидува да се рефдефинира самата себе во сѐ појака конкуренција на другите меѓународни вселенски агенции и комерцијални интереси за да може да се врати длабоко во вселената. Целите звучат добро, но експертите стравуваат дека нема доволно пари за одење на Месечината во наредната деценија и на Марс до 2030 година.

Неможноста да испраќа астронаути во вселената, бидејќи во 2011 година згасна и нејзиниот последен ракетоплан, е трајна дамка на угледот на НАСА. Додека некои приватни американски компании напорно работат на создавање на нови ракетоплани, оваа агенција сѐ уште мора да ѝ плаќа на Русија 80 милиони долари за секој астронаут кој сака да го испрати во вселената со рускиот „Сојуз“.

Фото: Tportal

Како започна сѐ?

Советскиот Сојуз во 1957 го лансираше првиот сателлит во вселената, „Спутник 1“, додека Американците нижеа неуспех по неуспех. Американската влада тогаш веќе работеше на тоа Американците да одлетаат во велената, но воглавно под надзор на војската.

Претседателот Двајт Ајзенхауер апелираше до Конгресот да се основа одделна цивилна вселенска агенција која би можела подобро да се сконцентрира на истражувањето на вселената. НАСА започна со работа во ноември 1958 година, со 8.000 вработени и буџет од 100 милиони долари.

Фото: Tportal

„Аполо 10“

Советскиот Сојуз однесе уште една победа во трката со Американците кога во април 1961 година Јуриј Гагарин стана првиот човек во вселената. Еден месец подоцна, Џон Кенеди изјави дека првиот Американец ќе слета на Месечината до крајот на деценијата.

-Ниедна друга вселенска мисија во тој период нема да биде поимпресивна за човештвото и поважна за долгорочно истражување на вселената како оваа - рече тогашниот американски претседател.

Така настана програмата „Аполо“.

Фото: Tportal

Астронаутот Џон Глен со експертите од НАСА

Астронаутот Џон Глен во 1962 година стана првиот Американец кој одлета во вселената, а седум години подоцна Нил Армстронг зачекори на Месечината. Зборовите на Армстронг ги слушнаа милиони луѓе ширум светот: Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото.

Американските астронаути од програмата „Аполо“, интелигентни, храбри и вешти воени полоти, беа национални јунаци во тоа време.

-„Аполо“ беше демонстрација на национална моќ. Кенеди беше тој кој одлучи да ја користи вселенската програма како инструмент за геополитичко наддавање и ја претвори НАСА во инструмент на национална политика со големи буџетски средства - вели пензионираниот професор Џон Логсдон.

Друг период на слава беа 1980-ите години со создавањето на ракетопланите, вселенските бродови со големина на автобус, кои превезуваа астронаути во вселената и подоцна до Меѓународната вселенска станица кога таа стана оперативна во 1998 година.

Фото: Tportal

НАСА денес

Претседателот Доналд Трамп го поддржа враќањето на Месечината, повикувајќи на создавање на лунарно пристаниште кое ќе овозможи континуиран проток на вселенски бродови и луѓе и ќе служи како појдовна точка за Марс. Трамп исто така повика на создавање вселенски сили како шеста гранка на американската војска, кои би се насочиле кон одбрана на американските интереси во вселената.

НАСА долго беше глобален лидер во вселенските иновации, но времињата се променија.

-Денес околу 70 земји на еден или на друг начин се вмешани во активности во вселената - вели Логдсон.

Наместо да се натпреварува со други вселенски агенции, НАСА се сврте кон соработка за да ги намали трошоците и да ги забрза иновациите.

Фото: Tportal

NASA-in shuttle

Американската вселенската агенција настојува да ги финансира приватните компании како „Спејс Икс“ и „Боинг“ за да се изградат летала со кои луѓето ќе можат да одат во вселената. Директороот на НАСА, Џим Брајденстин истакна дека буџетот на Трамп за НАСА е многу великодушен. Освен што планира во идните пет години да стаса со екипаж до Месечината, НАСА веќе идната година ќе вложи десет милијарди долари во лунарни истражувања, што е половина од буџетот.


Фото: Tportal
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот