Астероидот Бену е тежок 85,5 милиони тони. Тој ќе биде на оддалеченост од 7,5 милиони километри од орбитата на Земјата помеѓу 2175 и 2199 г.
Шансите за удар се многу мали, околу една во 2.700, но доколку навистина тргне на пат кон Земјата, тоа би било катастрофално за планетата. Проценетата кинетичка енергија на удар на Бену во Земјата е 1.200 мегатони, што е околу 80.000 пати поголема од енергијата на бомбата фрлена на Хирошима.
Фото: Pixabay
Затоа, кинески научници работеле на план за пренасочување на астероидот со помош на дури 23 ракети од кинескиот модел „Лонг Марч 5“. Истражувачите пресметале дека 23 ракети со тежина од 992 тони успешно би го пренасочиле астероидот доколку тој тргне кон Земјата. Истражувањето било објавено во списанието „
Икарус“.
Американската вселенска агенција претходно предложи да се испрати летало кое би удирало во астероидот десетици пати за да го пренасочи.
НАСА и Европската вселенска агенција работат на тест-мисии во кои летало ќе се судри со вселенско тело во астероидниот систем Дидимос. Лансирањето на леталото е планирано за 24 ноември, а ќе пристигне до системот по една година.
Извори:
Interesting Engineering |
Live Science